ФAкти за твојата плодност!

Откриј што знаеш за аспектите на здравјето и начинот на живот кои можат да влијаат на твојата плодност во иднина!
Играј и забавувај се додека учиш!


За време на играта од тебе нема да се бараат лични податоци, и твојот идентитет нема да биде откриен во ниту еден момент. FActs! собира само информации за полот, годината на раѓање, земјата и резултатот од играта. Податоците се анализираат во збирна форма и се користат за научни цели и национални извештаи. Информациите се складираат во централната база на податоци на Fertility Europe, која се наоѓа во Европската Унија.

Политиката за приватност на твојот јазик можеш да ја најдеш овде.

Запомни дека можеш да ја напуштиш оваа веб-страница во било кое време!

Дали ја играш оваа игра прв пат?

Одбери аватар

Те молам одбери го твојот аватар за оваа игра

Твојот напредок

  • На училиште
  • На забава
  • Во теретана
  • Кај твојот брат

Играј и собирај ѕвездички!

Собери 15 за да бидеш меѓу првите 10!

Слушнавте? Нашиот омилен пејач чека бебе и концертот е откажан!

О, а не е премногу стара за тоа? Се прашувам дали е лесно да се добие бебе кога ќе посакаш?

Ако жена на возраст од 25-35 години се обидува да забремени, какви се шансите да забремени по 1 месец обиди?

Одбери еден одговор кој сметаш дека е точен

Што е плодност?

  • Плодноста е способност да се зачне бебе.

Што е неплодност?

  • За неплодност зборуваме кога 12 месеци се обидуваме да забремениме, но без успех. Неплодноста, исто така, може да се дијагностицира и без обид за бебе, во случај на специфични медицински состојби.

Дали шансите за забременување се менуваат како што мажите и жените стареат?

Повлечи до точниот одговор

Жени

Мажи

Жени: Жените се раѓаат со сите нивни јајце клетки. Квалитетот и количината на јајце клетките се намалуваат со возраста – нагло се намалуваат по 35тата година, а уште повеќе после 40тата година.

Мажи: Возраста влијае на плодноста и кај мажите. Квалитетот и подвижноста на сперматозоидите почнуваат да се намалуваат по 40-годишна возраст.

Твојот резултат

  • На училиште
    0
  • На забава
  • Во теретана
  • Кај твојот брат

Играј и собирај ѕвездички!

Собери 15 за да бидеш меѓу првите 10!

Еј дечки, дали мислите дека пушењето или алкохолот се штетни за нашата плодност?

Дали мислиш дека пушењето или алкохолот се штетни за твојата плодност?

Одбери еден одговор

Пушење:

Алкохол:

Кај мажите, алкохолот може да го намали нивото на тестостерон и да го намали бројот на сперматозоиди. Кај жените, алкохолот ја намалува можноста за зачнување и е поврзана со загуба на рана бременост.

Кај мажите, пушењето и користење на електронски цигари ја оштетува спермата и го намалуваат бројот и подвижноста на сперматозоидите.
Кај жените, пушењето и користење на електронски цигари ги оштетува јајце клетките и го намалува нивниот квалитет.

Прочитав дека некои сексуално преносливи инфекции можат да влијаат на плодноста. Дали знаеш кои се тие?

Одбери ги одговорите кои сметаш дека се точни

Сексуално преносливите инфекции (СПИ) можат да им наштетат на човечките репродуктивни органи. СПИ се пренесуваат преку секс, обично доколку не се користи кондом. Доколку овие болести се дијагностицираат и лекуваат рано, трајното оштетување на плодноста може да се избегне. Сепак, доцна реакција може да доведе до непоправлива штета.

Како да знам дали имам СПИ? Ако се сомневаш, треба да се тестираш. Најдобар начин да се заштитиш е секогаш да користиш кондом.

Твојот резултат

  • На училиште
    0
  • На забава
    0
  • Во теретана
  • Кај твојот брат

Играј и собирај ѕвездички!

Собери 15 за да бидеш меѓу првите 10!

Дали телесната тежина е ризик фактор за плодноста?

Дали телесната тежина е исто така, ризик фактор за плодноста?

Избери ги одговорите кои сметаш дека се точни

Обезноста кај мажите може да доведе до слаб квалитет на спермата. Дебелината кај жените може да доведе до поретки овулации (и, како резултат на тоа, поретки менструални циклуси) или до нивно целосно изостанување.

Дали претераната физичка активност влијае на плодноста?

Прекумерното вежбање не е добро за телото. Кај жените тоа може да доведе до подолги и неправилни менструални циклуси, па дури и до прекин на менструацијата. Постојат индикации дека интензивните физички вежби може да бидат лоши за квалитетот на спермата кај мажите.

Дали употребата на наркотични средства или стероиди за бодибилдинг може да влијае на плодноста?

Повлечи до точниот одговор

Наркотици:

Стероиди за бодибилдинг:

Наркотиците можат да ја потиснат овулацијата кај жените. Марихуаната предизвикува низок број на сперматозоиди, ја оштетува подвижноста и квалитетот на спермата кај мажите. Дури и повремената употреба на кокаин трајно го оштетува квантитетот и квалитетот на спермата. Ако твојот доктор ти препишал лек со слично дејство, добро е да поразговарте за ефектот на лекот.

Анаболни стероиди земени за зголемување на мускулната маса го намалуваат производството на тестостерон и може да предизвикаат неплодност кај мажите. Иако овој ефект е обично повратен, во некои случаи штетата може да биде непоправлива.

Твојот резултат

  • На училиште
    0
  • На забава
    0
  • Во теретана
    0
  • Кај твојот брат

Играј и собирај ѕвездички!

Собери 15 за да бидеш меѓу првите 10!

Здраво, зошто си тажен/на?

Епа, знаеш, се обидуваме да имаме бебе веќе подолг временски период, но без успех...се прашувам што треба да направиме...

Што треба да направат брат ти и жена му?

Одбери еден точен одговор

Неплодноста може да биде многу стресна за парот, но само опуштање или земање витамини не е решение. Единствен начинот да се дијагностицираат причините за неплодноста и да се третира оваа состојба е со помош на доктор за плодност.

Дали знаеш кога е потребно да се побара медицинска помош ако парот не може да има дете?

Одбери еден точен одговор

Парот треба да побара медицинска помош по една година обиди без успех. Ако жената е постара од 35 години, се препорачува да се посети специјалист за плодност по 6 месеци обиди за зачнување. Ако постојат познати медицински состојби, најдобро е да се побара доктор уште порано. Сами жени исто така можат да побараат медицинска помош кога сакаат да имаат деца.

Во околу 30% од случаите на неплодност причината е поврзана со жената, во околу 30% од случаите причината е кај мажот, во околу 30% од случаите има и машки и женски фактори. Во околу 10% од случаите причините за неплодност се непознати.
15 до 20% од луѓето на репродуктивна возраст во Европа се соочуваат со неплодност.

Твојот резултат

  • На училиште
    0
  • На забава
    0
  • Во теретана
    0
  • Кај твојот брат
    0

Играј и собирај ѕвездички!

Собери 15 за да бидеш меѓу првите 10!