
Fertility Europe е Пан-европска организација, која што се состои од 31 здружение член од 28 земји кои ги претставуваат пациентите, кои што се посветени на неплодноста, креирајќи една мрежа за проблемите со фертилноста и ангажирање на други засегнати страни и медиуми. Како Fertility Europe, наша цел е да го гарантираме правото на пристап до еднаква и квалитетна грижа за пациентите кои се борат со неплодност и да ја подигнеме свеста за неплодност преку едукација, застапување и комуникациски канали. Ние, исто така, ги поврзуваме пациентите со тоа што им нудиме можност да ги споделуваат нивните искуства како и да им обезбедиме информации поврзани со плодноста.
Повеќе информации за Fertility Europe: https://fertilityeurope.eu/